Меѓународна ромска поетска вечер во Шуто Оризари
- Во организација на Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо ило" - Скопје, вечерва во средното училиште „Шаип Јусуф" во Шуто Оризари ќе се одржи првата Меѓународна ромска поетска вечер насловена „Ромска душа“.

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Во организација на Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо ило" - Скопје, вечерва во средното училиште „Шаип Јусуф" во Шуто Оризари ќе се одржи првата Меѓународна ромска поетска вечер насловена „Ромска душа“.
На поетската вечер со свои литературни творби, како што е најавено, ќе настапат поети од Северна Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Германија, Италија, Белгија и Шведска.
Песните што ќе бидат промовирани на поетската вечер тематски кореспондираат со заложбите за афирмација на ромскиот јазик, ромскиот урбан живот, секојдневните навики и на традицијата и во нив… дма/бак/
Фото: Плакат