• четврток, 26 март 2026

Ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ на академскиот сликар Ангел Петров во Велес

Ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ на академскиот сликар Ангел Петров во Велес

Велес, 25 август 2025 (МИА) – Во Ликовниот салон во Велес денеска ќе биде отворена 64. ретроспективна изложба на велешкиот академски уметник  Ангел Петров насловена „Бојата на мојата душа“. На изложбата која ја организира неговото семејство ќе бидат претставени 87 дела колку што живееше авторот 1933-2020.

Како што информира Светлана Петрова сопруга на уметникот, 87 те дела кои ќе бидат претставени  се создадени во неговотоповеќедецениско  децениско творештво. Избрани се 36 пејзажи, 25 актови и 26 коњи, трите мотиви што го следеле Петров низ целиот негов творечки живот.

-Во неговите пејзажи длабоко е втемелена занаетската прецизност и убавината на велешкото односно македонското поднебје. Актовите се суптилни, внимателни, речиси срамежливи како извор на животот, а коњите кај Петров, тие не се само животни, тие се симбол на движење, емоции и слобода, истовремено потенцирана сила, појасни  Петрова.

 Додава дека ретроспективна изложба остава трага која трае и ќе трае.

Академскиот сликар Ангел Петров (1933-2020) роден е во Велес. Се школувал, во Средното уметничко училиште во Скопje, во класата на професорите Личеновски, Мартиновски, Коџоман и Борко Лазески.

Веќе во втората година бил прогласен е и награден како најталентиран од генерацијата.

Образованието го продолжува во Белград, во Академијата за применета уметност која ја завршува во 1962, во класата на професорот Винко Грдан.

Веќе во наредната 1963, започал  самостојно да изложува и реализирал  63 самостојни ликовни изложби од кои 31 во Македонија и 32 во странство, како и да учествува на повеќе од 200 групни претставувања. Член е на ДЛУМ од 1967. Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери во земјава и странство.

Неговиот ликовен опус се состои од повеќе ликовни фази: пејзажи, актови , коњи, портрети, акварели, мртва природа , декорации и стара архитектура. Работел масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техники. Има колекција портрети на Кочо Рацин, Гоце Делчев и други личности од историјата. ад/нд

Фото: МИА архива

Остани поврзан