Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка - Шишево
- Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка - Шишево.

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка - Шишево.
Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија - Северна Македонија. Ќе биде презентиран и напредокот и влијанието на проектот врз локалниот екотуризам.
Предвидени се обраќања на заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Бен Нупнау и градоначалникот на Општина Сарај Илјас Весели. мд/лв/
Фото: МИА архива