• понеделник, 13 мај 2024

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација

Промоција на првата Британска бизнинс асоцијација

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Британската амбасада Скопје денеска на прес - конференција ќе информира за поддршката на амбасадата за основањето на првата Британска бизнис асоцијација, организација чија цел е унапредување на трговските врски помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси.

На прес - конференцијата ќе се обратат британскиот амбасадор Метју Лосон, британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс, како и основачите на Британската бизнис асоцијација, Боријан Борозанов, директор за производство за Европа, Џонсон Мети, Ивица Талевски, заменик генерален директор и директор за одржливост, Рудник Саса и Рајан Велманс, главен извршен директор и ко-основач, СоПро. дма/са/

 

 

 

 

Остани поврзан