• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Промоција на нов Тинк Тенк за Вештачка интелигенција

Промоција на нов Тинк Тенк за Вештачка интелигенција

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Новоформираниот Tинк -Tенк „Интелигентна Хумана Иднина“ (И-ХИ) ќе биде промовиран денеска заедно со својот прв позициски документ со наслов „Вештачката интелигенција – Меч со две сечила“.

На настанот, како што информираат од тимот на И-ХИ Тинк Тенк, ќе се дискутира за можностите и за етичките аспекти на вештачката интелигенција (ВИ), разгледувајќи како оваа технологија може да биде воведена како двигател на напредокот, но истовремено и да служи на човештвото на начин што ќе обезбеди правичност и одржлив развој.

Дебатата ќе ја отвори Владимир Владимиров, претседател на Здружението за ВИ на Бугарија, а ќе говорат експертот за односи со јавност, медиуми и комуникации Валентин Нешовски и политикологот Тони Поповски.

И-ХИ Тинк-Тенк, како што наведуваат организаторите, е посветен на унапредување на хуманата употреба на вештачката интелигенција, спречување на социјални нееднаквости поврзани со брзиот технолошки развој и создавање на правни рамки што ќе овозможат праведна имплементација на ВИ во општеството. дма/бак/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан