Промоција на монографијата „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Република Северна Македонија“
- Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ) денеска ќе ја промовира монографијата „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Република Северна Македонија“.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ) денеска ќе ја промовира монографијата „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Република Северна Македонија“.
-Истражувањето врз кое се темели монографијата е спроведено во 2023–2024 година и ги опфаќа четирите клучни аспекти на развојот на отворените истражувачки практики во земјата: ставовите и искуствата на научниците, достапноста на истражувачките инфраструктури, правната рамка и начинот на кој државните институции користат научни податоци. Наодите се обработени со цел да се обезбеди подлабоко и поцелосно разбирање на актуелната состојба, како и за формулирање препораки за јавни политики насочени кон различни чинители. Истражувањето е поддржано од Интегративните функции на УКИМ, соопшти Институтот.
На промоцијата ќе се обратат авторите и членови на истражувачкиот тим, по што ќе следува дискусија посветена на клучните аспекти од имплементацијата на отворените научни практики во општествените и другите дисциплини.
Според ИСППИ, настанот е можност за размена на мислења меѓу академската заедница, институциите и другите релевантни чинители за насоките и предизвиците во унапредувањето на отворената наука кај нас. хс/са/
Фото: принтскрин од веб-страница на ИСППИ