• петок, 05 декември 2025

Промоција на „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска

Промоција на „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на писателката Гордана Михаилова Бошнакоска ќе биде промовирана вечер во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Промотор на збирката ќе биде писателот Гоце Смилевски, а стихови ќе кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Мартин Манев.

Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, која е издадена во соработка со издавачот „Макавеј“ беше влезена во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата за оваа година.

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1 септември 1940 година во Битола. Има објавено 15 збирки поезија. 

Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје - Европска престолнина на културата 2028 година.бт/лв/

Фото/ ЈУ Културно информативен центар - Скопје

Остани поврзан