• петок, 22 ноември 2024

Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи

Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. UV=7

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од УХМР најавуваат дека во четврток ќе се задржи променливото облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан