Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата)
- Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава.
Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава.
Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024).
Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, Министерство за култура и туризам, Култура за развој на Швајцарската влада спроведуван од Хартефакт фонд - Hartefact Fund Embassy of Switzerland in North Macedonia.
Учесници на јавните дискусии од екипата на проектите ќе бидат актерите Здравко Стојмиров и Кирил Дончов, режисерката Теа Беговска и Иванка Апостолова Баскар - креатор на проектите.
Модератори на отворените дискусии ќе бидат поетесата Елена Пренџова и Маја Р. Дреца - режисер и сценарист.
Проекциите почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен. мд/са/
Фото: Македонски центар ИТИ/Продукција