Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
- Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Комисиската расправа започна вчера и според Деловникот трае 10 дена, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на почетокот од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, нагласи дека Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.