• понеделник, 23 декември 2024

Прес-конференција на Поповиќ Волариќ и екипата на филмот „На се ќе дојде крај“ на „Киненова“

Прес-конференција на Поповиќ Волариќ и екипата на филмот „На се ќе дојде крај“ на „Киненова“

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствува хрватскиот актер Јанко Поповиќ Волариќ и дел од екипата на филмот „На се ќе му дојде крај“ во режија на Рајко Грлиќ. Со овој филм  затвршува деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во Скопје.

Фестивалот беше отворен на 16 октомври, со премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски.

Годинашното мото е „Што е прво? Филмот или приказната?“, а се одржаа и специјализирани работилници за надополнување на филмското образование.бт/ев/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан