Презентација на Индексот на отворени општини за 2023 година
- Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ денеска ќе го презентира Индексот на отворени општини за 2023 година. Индексот ги зема предвид сите аспекти на планирањето и реализацијата на општинските буџети и е резултат на четиригодишна работа и мерење во сите 80 општини и Градот Скопје.
Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ денеска ќе го презентира Индексот на отворени општини за 2023 година. Индексот ги зема предвид сите аспекти на планирањето и реализацијата на општинските буџети и е резултат на четиригодишна работа и мерење во сите 80 општини и Градот Скопје.
Од ЗМАИ наведуваат дека овој Индекс претставува важен инструмент за транспарентноста и отчетноста на локалната власт во буџетските процеси. Нагласуваат дека заеднички, граѓанскиот сектор и медиумите, успевале да создадат позитивен притисок врз носителите на одлуки на локално ниво, со цел подобро управување со јавните средства и вклучување на граѓаните во буџетските процеси.
На денешната презентација ќе биде претставена и ранг-листата на општини според Индексот за фискалната 2023 година, а ќе стане збор и за тоа како општините ги трошат своите буџети како основа за реализација на проекти од интерес на граѓаните. са/бак/
Фото: ЗМАИ