• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почнува „Саем на мебел 2025“

Почнува  „Саем на мебел 2025“

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Под слоганот „Инспирација за секој дом“ од денеска до 30 март ќе се одржи „Саемот на мебел 2025“ во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Саемот на мебел оваа година ќе биде организиран во четири специјални зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија, со што ќе им биде овозможено на посетителите полесно да ги откријат најновите трендови и да најдат сè што им е потребно за уредување на домот или работниот простор.

-Доколку ви е потребно освежување на домот или работниот простор или едноставно само сакате да уживате во убави парчиња мебел и декорации, посетете го Саемот на мебел и пронајдете ја својата инспирација. На Саемот ќе се претстават бројни брендови со одлична понуда и големи саемски попусти, најавуваат организаторите.  

Цената на влезниците изнесува 150 денари за еден посетител, односно 250 денари за две влезници, за двајца посетители на саемот. За деца до 12 години заедно со родител, влезот е бесплатен. Влезниците може да се набават на билетарите на влезот на Саемот на мебел. Главниот влез за посетители ќе биде обележан и ќе се наоѓа од западната страна на Арена Борис Трајковски (страната на лизгалиштето).

Дел од средствата од влезниците ќе бидат донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, како поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. На настанот ќе бидат поставени специјални кутии за донации од Црвениот крст. вг/лв/

Фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан