• петок, 05 декември 2025

Почнува Меѓународниот фестивал на современа музика во Штип

Почнува Меѓународниот фестивал на современа музика во Штип

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Од денеска до четврток во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип ќе се одржи  третото по ред издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика 2025“ во организација на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Фестивалот за современа музика 2025“ е посветен на промоција на светското и на домашното исполнителство и творештво. Годинава, ќе се одржат четири камерни концерти, на кои, како што најавуваат организаторите, ќе настапат реномирани странски и домашни уметници кои своето уметничко реноме го градат низ светските концертни подиуми.

Фестивалот ќе почне со настанот на Новосадското камерно трио „Хероини“ составено од Ксенија Мијатовиќ-Кором – флејта, Вероника Антуновиќ-Мариќ – обоа и Слободанка Стевиќ – пијано, додека во вторник ќе настапи пијанистката Милица Јелача-Јовановиќ, која доаѓа од Вашингтон, а како гостин на концертот ќе настапи нашата реномирана пијанистка Милица Шкариќ.

Во среда ќе настапи камерното дуо во состав Татјана Џорлева – пијано и Ангеле Михајловски – пијано со програма за четирирачно пијано, а фестивалот ќе биде затворен со настапот на студентите од Музичката акдемија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Концертите започнуваат во 19 часот, а влезот е слободен. бак/са/

Фото: Музичка академија при Универзитетот во Штип

 

Остани поврзан