• сабота, 11 мај 2024

Посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел поради Задушница

Посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел поради Задушница

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Поради верскиот празник Задушница,  денеска ќе има  посебен режим на сообраќај кон и од Градските гробишта „Бутел“, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од 6.00 часот сообраќајот кон гробиштата „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.

За излез од гробишта, пак, возилата ќе се движат десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробиштата Камник и Ѓорче Петров.

-СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, се наведува во известувањето на МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан