Поради дефекти без вода повеќе улици во Општина Центар
- Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Тасино Чешмиче“ во Општина Центар.
Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Тасино Чешмиче“ во Општина Центар.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради промена на шибер во шахта на ул.„Тасино Чешмиче“ бб (Градинка „Кочо Рацин“).
Исто така, од 09:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од потегот од ул.„Максим Горки“ до бул.„Партизански одреди“ и дел од бул.„Партизански одреди“.
Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/са/
Фото: МИА Архива