• среда, 24 јули 2024

„Поврзување низ слоеви и афекти“ , целодневен настан во МСУ во склоп на 12. издание на „Прво па женско“

„Поврзување низ слоеви и афекти“ , целодневен настан во МСУ во склоп на 12. издание на „Прво па женско“

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Во Музејот на современата уметност денеска ќе се одржи целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Програмата вклучува градска пешачка тура „Мапирање на женското културно наследство „Нашиот пат““ со Ивана Драгшиќ во 13 часот, а во исто време ќе се одржи работилница за деца „Изразување солидарни мисли и чувства преку уметност“ со Доротеј Нешовски. 

Во 14 часот ќе се одржи панел-дискусија „Радикална солидарност: поврзување низ слоеви и афекти“, на која ќе учествуваат Јован Близнаковски, Јелена Вишњиќ, Марија Вулетиќ, Матеј Тројачанец, Лилјана Јоноски и Ана Блажева, а ќе биде модерирана од Вики Младенова.

Во 15:30 часот ќе се приреди гозба под наслов „HANJA претставува: банкет во црвено“ со HANJA Delights, а потоа ќе се спроведе акцијата #СподелиАвторка во соработка со организацијата Stella Network. 

Како што информираат органзаторите Тиииит! Инк.,главен повод за настанот е промоцијата на публикацијата „Години будни - Рефлексии за првите 10 години на Прво па женско - Фестивалот за феминистичка култура и акција“ во 17 часот. Уредничка на публикацијата е Марија Христова, а промоторка на настанот ќе биде Калиа Димитрова.

Во текот на дневната програма гостите ќе се забавуваат и со DJ сет на Iris. Додека, во музичкиот дел од програмата, со почеток во 18 часот, ќе настапат Хана Корнети (МК), Дина Јашари Трио (МК) и KOALA VOICE (СЛ). 

По 22 часот гостите ќе се забавуваат со DJ IMANYAM.

Во текот на целиот ден публиката ќе има можност да донира средства и да размени облека на штандот за собирање на донации за погодените од војната во Газа. ар/нд/

Фото:Тиииит! Инк.

Остани поврзан