Партијата на пензионери одбележува 10 години од основањето
- Во рамки на 3-тиот редовен Конгрес, Партија на пензионери (ПП) денеска ќе организира свеченост за одбележување на 10 годишнина од нејзиното основање и работа.

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) - Во рамки на 3-тиот редовен Конгрес, Партија на пензионери (ПП) денеска ќе организира свеченост за одбележување на 10 годишнина од нејзиното основање и работа.
На свеченоста, соопштија од ПП, како гости се поканети и ќе присуствуваат високи претставници на СДСМ, како и претставници на други политички партии членки на Коалицијата. цр/сп/
Фото:МИА