Изложба „Mирот започнува со насмевка“ по повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза
- Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза.
Скопје, 26 август 2025 (МИА) - По повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложбата „Mирот започнува со насмевка“.
Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза.
-Изложбата не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот почнуваат со едноставен гест - насмевка, наведуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза. мч/са/
фото: Спомен куќа на Мајка Тереза