• петок, 05 декември 2025

Отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“

Отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата.

Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија.

-На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните  истражувања меѓу повеќе македонски и европски институции кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките, стопанските и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија, соопштија организаторите. 

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам во рамки на проектот „70 години НУ Завод и музеј - Прилеп“. хс/бак/

Фото: Завод и музеј – Прилеп

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан