• понеделник, 13 мај 2024

Османи, Бомгартнер и Герасимовски ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Османи, Бомгартнер и Герасимовски ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележувањето на месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје. 

Како што најавија од МНР, на настанот ќе учествуааат и резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.

- Воедно, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, ќе учествуваат со рецитирање на поеми на македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго, соопштија од МНР. цр/лв/

Фото:МИА

 

Остани поврзан