• понеделник, 25 ноември 2024

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Велес, 13 април 2023 (МИА) - Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата.

На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, поранешни команданти на единицата, воени раководители од генералштабот и министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.

Согласно програмата, пред припадниците на командата предвидени се обраќања од страна на началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски и командантот на КОД, полковник Васко Коколански.

Притоа, ќе бидат соопштени стимулативни мерки на припадници од командата за постигнати резултати во работењето, како и на екипи кои учествуваа во спортските натпревари по повод денот на единицата. Воедно, ќе бидат доделени и признанија за ученици од основните училишта „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“ за учество на ликовниот и конкурсот за најдобра поема на војнички теми.

Командата за операции го одбележува 15 април, како датум кога пред триесет години во редовите на Армијата отпочнаа да пристигнуваат првите регрути на отслужување на воениот рок и почетоците на изведување на обуката по што отпочна пополнување на армиските единици и целосно функционирање на Армијата. мс/сп/

Остани поврзан