• понеделник, 23 декември 2024

Без вода дел корисниците во општина Крпош и село Љубин, општина Сарај

Без вода дел корисниците во општина Крпош и село Љубин, општина Сарај

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и “ 8-ми Септември“, без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. “8-ми Септември“ до ул. „Никола Тесла“, во општина Карпош.  

Корисниците без вода ќе останат во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата. 

Поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, денеска во периодот од 08.00 часот, па се до завршување на работата, како што најавија од од ЈП Водовод и Канализација, можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин, општина Сарај. цр/са/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан