Научна конференција за геријатриска и палијативна медицина „Каде сме и каде сакаме да бидеме“
- Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје по повод патрониот празник вечер ја организира првата годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина под мотото „Каде сме и каде сакаме да бидеме“.
Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје по повод патрониот празник вечер ја организира првата годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина под мотото „Каде сме и каде сакаме да бидеме“.
Како што е најавено, на панел дискусија ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, деканот на Медицинскиот факултет проф. д-р Светозар Антовиќ, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, Горан Кочински - национален офицер во Канцеларијата на СЗО, Али Хаманди - виш економист за здравство во Светска Банка и проф. д-р Владимир Илиевски од Институтот за социјална работа и социјална политика.
На конференцијата ќе учествуват меѓународни и домашни експерти. Клучни теми се: интегрирана грижа за старите лица,
проценка на геријатриски пациент, принципи и практика во палијативната грижа и организациски модели на палијативната грижа.
- Заедно можеме да го разбудиме јавното мислење: стареењето не е товар – тоа е шанса за похумано општество, наведуваат од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. мд/бак/
Фото: Плакат