• среда, 01 април 2026

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори. 

На состанокот во Стопанската комора ќе се разгледуваат актуелни економски теми, а се очекува да стане збор и за можностите за унапредување на економската соработка, подобрувања на бизнис климата, зголемување на конкурентноста и привлекување нови странски инвестиции.сст/рп/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан