• вторник, 05 ноември 2024

Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт

Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт ќе биде отворен денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската Унија. Состанокот ќе биде од работен карактер, со само неколку седници отворени за медиумите.

Ќе го отвори Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.  Предвидено е присуство и обраќање на министри од Северна Македонија и од регионот, како и претставници од релевантните директорати на Европската комисија, меѓународни организации и од бизнис-заедницата.

Според најавата од Делегацијата на ЕУ во Скопје, на официјалното отворање на Министерскиот состанок ќе учествуваат министрите за обрзование и наука и за култура, Весна Јаневска и Зоран Љутков, и министерот за култура и иновации Балаш Ханко од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Во пресрет на Министерскиот состанок, вчера се одржа една од предвидените сесии. 

Како што соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

-Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани, се наведува во соопштението.  хс/лв/

Фото: принтскрин / https://eu.eventscloud.com/website/11097/homepage/

Остани поврзан