• четврток, 04 декември 2025

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана.

Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на посетата предвидени се неколку активности - свечена церемонија пред платото на Министерството, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и на крајот се предвидени изјави за медиуми.

Во рамки на посетата, министрите Мисајловски и Хелез ќе ја посетат и Воената академија, каде ќе присуствуваат на првиот академски час. фф/са/

Фото: Фејсбук на Зукан Хелез

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан