• недела, 22 декември 2024

Министерката Јаневска на настанот „Запознајте ги суперучилиштата“

Министерката Јаневска на настанот „Запознајте ги суперучилиштата“

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на настанот „Запознајте ги суперучилиштата“ на кој ќе бидат претставени 15 средни училишта од државата кои ќе реализираат заеднички проекти со партнерски училишта од регионот.  

Како што информира ресорното министерство, соработката се воспоставува преку т.н. шема за размена на суперучилишта од Западен Балкан, која е кофинансирана од Европската Унија и германското Министерство за економска соработка и развој, а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). 

Во „Европската куќа“ во Скопје (Europe House), како што е најавено, ќе се обратат и раководителот на канцеларијата на RYCO во Скопје Владимир Ѓорѓевски, заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау, Мимоза Гаврани - проект менаџер и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади. мд/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан