• четврток, 26 март 2026

Министерката Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет, Трпески ќе потпишат Меморандум за соработка

Министерката Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет, Трпески ќе потпишат Меморандум за соработка

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.

По потпишување на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите од  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан