• петок, 22 ноември 2024

Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

Меѓународен симпозиум „Медиумска писменост во добата на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) – Начините како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција, и како младите можат и треба да се приспособат на овие промени преку учење вештини за медиумска писменост и за користење на алатките за вештачка интелигенција, се во фокусот на меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ што ќе се одржи денеска во Скопје.

Одговор на овие прашања на симпозиумот што ќе се одржи од 09:30 до 13 часот, во хотел „Лимак“ Скопје, ќе дадат претставници на меѓународната академска заедница, истакнати експерти и истражувачи за медиумска писменост и вештачка интелигенција.

Симпозиумот кој е организиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ преку Институтот за комуникациски студии ќе го отвори програмската координаторка на ИКС, Александра Теменугова, а воведно обраќање ќе има и директорката на Канцеларијата за општ развој на УСАИД, Дон Кармин.

По воведните обраќања ќе се одржат две панел-дискусии посветени на „Општеството и медиумите во доба на вештачката интелигенција“ и „Прилагодување на образованието на новиот бран на технолошки промени“. 

Симпозиумот ќе биде заокружен со работилница за вештачка интелигенција за млади „AICafé: Интерактивно учење и истражување“ на која ќе се направи преглед на најпопуларните алатки за вештачка интелигенција и како младите можат продуктивно да ги користат истите и да се заштитат од штетни влијанија. ар/са/
Фото: ИКС

Остани поврзан