• четврток, 04 декември 2025

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - На Школка во Градски парк вечер од 19 часот ќе се одржи централниот настан од годинашниот, 34. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ кој, како и во минатите години, ќе почне со македонски ора што ќе ги изведат членовите на фолклорната секција од Детскиот културен центар „Карпош“ - организаторот на фестивалот. 

Претходно, во 18.30 часот ќе се одржи дефиле на учесниците на фестивалот, кое ќе тргне од ДКЦ „Карпош“. Сите учесници ќе го  формираат најголемото оро кое, како што наведува организаторот, „не познава граници и е симбол на пријателство меѓу децата“.

-„Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата од државата и странство. Оваа година по 34-ти пат ќе се одржи овој спектакуларен детски фолклорен фестивал кој повеќе од 30 години ги соединува децата од повеќе вери и националности и со тоа го негува меѓуетничкото пријателство помеѓу децата особено преку раскошни костими и традиционални ора. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на светот и е амбасадор на културата, соопшти Детскиот културен центар „Карпош“ за фестивалот кој го организира под покровителство на Град Скопје. хс/са/

Фото: Детски културен центар „Карпош“

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан