Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со целовечерен концерт во Омиш
- Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригенстка палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи целовечерен концерт на мандолинскиот фестивал во хрватскиот град Омиш.
Скопје, 10 мај 2025 (МИА) - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригенстка палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи целовечерен концерт на мандолинскиот фестивал во хрватскиот град Омиш.
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ од осми до 13 мај ќе гостува во Хрватска, а утре ќе одржи целовечерен концерт во Загреб.
- Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со својата младост, ентузијазам и квалитет преставува достоен културен амбасадор на нашата држава, се вели во најавата за гостувањето. мд/са/
Фото: Ерхан Шукри