„Коцка по коцка квадрат“ - изложба на Валентина Илијевска
- Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Коцка по коцка квадрат“ на академската уметница Валентина Илијевска.
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Коцка по коцка квадрат“ на академската уметница Валентина Илијевска.
-Најновиот ликовен опус на академската уметница Валентина Илијевска, со наслов „Принцип на квадрат“, како тема го издигнува на пиедесталот синото присуство на квадратот. Квадратот како облик и форма со децении е присутен во делата на многуте уметници, воедно и носител на различни содржински значења. Илијевска преку симболот на квадратот ја вообличува основната идеја која е продолжение на досегашниот нејзин концепт, базиран на филозофски студии за прапочетоците на човековото постоење и опстојување, се наведува, меѓу другото, во најавата за изложбата.
Валенина Илијевска дипломирала на одделот графика на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во класата на проф. Мрко Вујисиќ. Магистирала на отсекот конзервација и реставрација на ѕидно сликарство на ФЛУ, во класата на проф. Благоја Кузмановски. Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјава и странство. Живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при Кумановско-осоговската епархија за заштитата на културното наследство.
Изложбата во Културно-информативниот центар-Скопје ќе биде отворена до 24 ноември. хс/са/
Фото: КИЦ-Скопје