Костадиновска-Стојчевска, Тренчевска и Бојмацалиев во работна посета на Општина Кривогаштани
- Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, заедно со дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, ќе ја посети Општина Кривогаштани.

Скопје, 30 март 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, заедно со дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, ќе ја посети Општина Кривогаштани.
Посетата, како што најавува Кабинетот на Костадиновска-Стојчевска, ќе почне со средба со градоначалникот Николче Мискоски во општинската зграда, а ќе се изврши и увид во проектите поддржани со средства од Капиталните дотации во културата наменети за единиците на локалната самоуправа. мч/аа/
фото: МИА архива