• петок, 05 декември 2025

Концерт на пијанистката Дуња Иванова со наслов „Кругови“

Концерт на пијанистката Дуња Иванова со наслов „Кругови“

Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) – Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт насловен „Кругови“.

Како што се наведува во соопштението, концертот обединува музика на тројца автори кои со својот уникатен музички израз чинат неверојатна приказна. Централен дел од програмата на концертот ќе бидат четирите пиеси со истоимен наслов од композиторот и пијанист Дино Имери, но, како што велат, ќе бидат изведени и дела од македонскиот композитор и аранжер Давор Јордановски, како и дела од современата полска композиторка Ханија Рани.

– „Кругови“ е инспирирано од истоимениот роман на македонската современа авторка Тина Иванова - четиво кое низ интимен и искрен раскажувачки тон ги отвора прашањата за повторувањата и пресвртот во животот, за круговите што нè враќаат кон себеси, но и нè водат кон нови патеки на разбирање, стои во соопштението. ра/бак/

Фото: Постер

 

Остани поврзан