• понеделник, 20 мај 2024

Концерт „Музички волшепства“ во општина Кисела Вода

Концерт „Музички волшепства“ во општина Кисела Вода

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Во Паркот на бранители во населбата Драчево вечер ќе се одржи концертот „Музички волшепства“  во изведба на Продукција Триангл Пулс.

Концертот е во организација на Општина Кисела Вода, а по повод првиот ден од учебната година. Овој иновативен и оригинален музички перформанс има едукативен карактер, кој преку игра и песна го доближува до младата публика и ја буди нивната фантазија. Ќе учествуваат и ученици од ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кузман Шапкарев“.

Продукција Триангл Пулс во период од 10 години од своето постоење има реализирано повеќе од 1.700 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории. мд/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан