• петок, 05 декември 2025

Конференција „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“

Конференција „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Конференција „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки“ денеска ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје. Организатор на конференцијата е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од ЕУ.

Настанот ќе понуди преглед на клучните постигнувања во унапредувањето на еднаквоста и заштитата од дискриминација во изминатите пет години и стратешка дискусија за следните чекори, институционалните предизвици и европските стандарди во оваа област.

На отворањето ќе се обратат претседателот на КСЗД Душан Томшиќ и Барбара Лигл, раководителка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Меѓу учесниците се домашни и меѓународни експерти, претставници на институции, граѓански организации и истражувачки центри. мд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан