Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE)
- Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде отворен 13. конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE).
Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде отворен 13. конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE).
Конгресот од денеска до петок ќе се одржува во МАНУ.
Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Нејзините конгреси се одржуваат на секои пет години, а оваа година првпат конгресот се одржува во Скопје, во организација на Македонскиот национален комитет на AIESЕE при МАНУ. мд/лв/
Фото: МИА архива