• среда, 18 декември 2024

Коалицијата „Сите за правично судење“ ќе презентира податоци од истражувања од областа на правосудството

Коалицијата „Сите за правично судење“ ќе презентира податоци од истражувања од областа на правосудството

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе организира завршна конференција на која ќе бидат презентирани податоци од спроведени истражувања од областа на правосудството.

Настанот е дел од Годишната програма за работа за 2024 година чија имплементација, како што наведува Коалицијата, е финансиски поддржана и овозможена од Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

-Во рамки на овој проект беше спроведен мониторинг на седниците на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на РСМ. Исто така, на оваа конференција ќе бидат презентирани и податоците од спроведениот судски мониторинг на кривични и граѓански судски постапки во судовите во Република Северна Македонија. Освен овие две анализи, Коалицијата на конференцијата ќе ги презентира и податоците добиено од сеопфатното истражување кое беше направено за ефикасноста на судовите и јавните обвинителства низ призма на потребите од човечки ресурси, информира организаторот. 

Воведни обраќања ќе имаат Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција „Сите за правично судење“,  Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, и Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Завршната конференција е последна активност во рамките на овој проект и, покрај презентацијата на податоците од истражувањата, предвидени се и излагања и дискусија. хс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан