• недела, 22 декември 2024

Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 49. сесија

Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 49. сесија

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 49. сесија на Клубот на истражувачите.

На сесијата, како што информираат од Народна банка, ќе биде презентиран трудот „Преглед на новиот калибриран DSGE модел за македонската економија“ од авторите Тибор Хледик, Јан Влчек, Јоана Маџоска и Мите Митески. 

По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 20 декември 2023 година (среда). 

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

-На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, информираат од Народна банка. дма/лв/

Фото: Народна банка

 

 

Остани поврзан