• четврток, 26 март 2026

„Иконописот - коренот на македонското сликарство“ - самостојна изложба на м-р Славица Танеска

„Иконописот - коренот на македонското сликарство“ - самостојна изложба на м-р Славица Танеска

Скопје, 15 октомври 2025 (МИА) - Во рамки на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечерва во Галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на м-р Славица Танеска „Иконописот - коренот на македонското сликарство“.

Оваа изложба е дел од програмата со едукативен карактер наменета пред се на студентите и љубителите на уметноста.

На оваа самостојна изложбата м-р Славица Танеска се претставува со проект инспириран од улогата и значењето на иконографијата и портретот во византиската уметност  кој е од посебно значење не само во историјата на средновековната, византиска уметност, туку воопшто во  историјата на уметноста и релациите во контекст на влијанијата на ововремената современа уметност, која се повеќе се оддалечува од каноните на иконографијата и конвенционалното сликарство, од техниките, темите и методологијата во постапката.

-Обидот да се запазат тие вредности има особено значење и повеќекратен импакт и не само во афирмацијата на високите дострели во реминисценцијата и  навраќањето на делата на големите неимари, зографи, иконописци, фрескописци и големите сликарски тајфи и бројни репрезентативни манастири кои му одолеале на времето. Она што е најспецифично е доловувањето на инкарнатот, на духот на времето, на корените на идентитетот олицетворени и во верата. Да се долови аурата на тоа време, на тие вредности, духот на сакралното и врвните дострели  треба да биде вистински  предизвик за бројни и  нови генерации во осознавањето на тие загадочни, мистифицирани канони, често недостижни  во реинтерпретацијата, вели Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

М-р Славица Танеска е родена во Охрид 1998 година. Во Охрид има завршено ОУ „Григор Прличев“ како првенец на генерацијата. По завршувањето на  уметничко училиште -отсек сликарство дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек сликарство .Дипломира сликасртво со модул Конзевација и реставрација на ФЛУ УКИМ како студент на генерацијата.Магистрира на истиот факултет на отсек сликарство со просек 10.

Вработена е како асистент на Европски универзитет во Скопје, по предметитет од ликовна уметност на Факултетот    за Арт и дизајн  (ангажирана е  на предметите: Цртање, Техники на цртање, Сликање, Техники на сликање, Графичка илустрација, Модна илустрација, Ликовно обликување во дизајнот, Историја на уметноста, Историја на дизајн, Моделирање, Дизајн анализа и Дизајн на плакат.

Првата самостојна изложба ја отворапред 15 години во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. До сега има реализирано 11 самостојни  изложби во Скопје и во Охрид.Учествува на 73 групниизложби. Учествува на 11 межународни колонии и 3 уметнички резиденции во РСМакедонија, Франција, Италија, Словенија. Учествува на Межународни научни конференции, а нејзините трудови и уметнички дела се објавени и во Меѓународното научно списание ИДЕЈА. Добитник е на награди и признаниа во земјава и во странство од кои се издвојуваат: Грамота од Амбасадата на Руската федерација, признание од Гете институт „Четирите мајстори на модернизмот“, доделена од ННС на ФЛУ, Плакета од Остен биенале на цртеж 2016.М-р Славица Танеска е единствен учесник од РСМакедонија на првиот фестивал за акварел во Обединетите Арапски Емирати во 2017.

 Автор е на книгата „Траги на времето- низ 100 селски брсјачки градби во Македонија“. Дизајнира и насловни страни на повеќе книги.Автор е на насловната страна на првиот број на списанието „Колибри+“ кое се обајвуваше во весникот „Нова Македонија“.Долгогодишен соработник е на додатокот за деца „Колибри“, во кој беа објавени 60 епизоди од нејзиниот стрип „Марсо Марсовски“. М-р Славица Танеска има изработено бројни икони кои се наоѓаат во македонските цркви и во приватна сопственост.Има конзервирано икони од Крсте Зограф од Велес од 19 век.

Автор е на повеќе тематски проекти. Покрај книгата -монографија со илустрации  на рурална  архитектурата од брсјачкиот регион, има и тематски самостојни изложби, со кои  го афирмира портретот, а сега е изложбата посветена на иконографијата.

Учесник е на повеќе групни годишни тематски изложби во Галерија  „КО-РА“  и други проекти во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, како и на мултикултурната изложба на 60-тина  учесници  во Виена во Амбасадата на Република Северна Македонија во декември   2023, во септември 2024 година во рамките на промоцијата на книгата „Осврти - Рефлескии, илуминации “ од авторот: Виолета Калиќ .

Овоа изложба посветена на иконографијата е поддржана од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје во рамките на годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура за 2025 година со доделување на простор за реализација на оваа самостојна изложба, со која м-р Славица Танеска го одбележува својот 15-годишен јубилеј во творештвото и активно континуирано присаство во сферата на визуелните уметности во земјата и надвор. фф/ев/

Фото: М-р Славица Танеска 

Остани поврзан