• среда, 25 март 2026

Изложба на Лоран Куфало: „Муабет со портретот и актот преку цртежот“ во КИЦ – Скопје

Изложба на Лоран Куфало: „Муабет со портретот и актот преку цртежот“ во КИЦ – Скопје

Скопје, 16 октомври 2025 (МИА) – Во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар – Скопје, вечер ќе биде отворена изложбата на цртежи од ликовниот уметник Лоран Куфало, насловена „Муабет со портретот и актот преку цртежот“.

Изложбата претставува интимен визуелен дијалог меѓу авторот и неговите модели, преку линеарни, брзи и експресивни цртежи кои го истражуваат човечкиот лик и телото. Куфало вели дека секој потег на линија е трага од емоција, мисла и моментален здив, а неговите дела се создадени во занес, како обид да се фати искрата на чувството.

-Секој лик и секое тело за мене се универзум, вели Куфало, додавајќи дека преку портретот нурнува во внатрешна драма или радост, а преку актот ја доловува слободата и убавината на формата. Изложбата е повик до гледачот на тивок разговор без зборови – преку линијата, движењето и психолошката состојба на фигурата. бк/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан