Солистички концерт на Антонио Илиоски во Музејот на македонска борба
- Виолончелистот Антонио Илиоски денеска во Музејот на македонската борба ќе одржи солистички концерт насловен „Антонио Илиоски и Камерен Оркестар - Скопје “.
Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Виолончелистот Антонио Илиоски денеска во Музејот на македонската борба ќе одржи солистички концерт насловен „Антонио Илиоски и Камерен Оркестар - Скопје “.
Концертот за виолончело и оркестар ќе биде изведен во C-dur од Франц Јозеф Хајдн, под диригентската палка на маестро Fifi Le.
- Би сакал да искажам голема благодарност до проф. м-р Даница Стојанова и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje, за поддршката овој проект да биде реализиран, напиша Илиоски на Фејсбук. бт/бак/
Фото/Фејсбук