Во четврток во Скопје дебата за одговорното сопствеништво на миленици
- Во Скопје во четврток ќе се одржи панел дискусија посветена на одговорното сопствеништво. Експерти, претставници на невладините организации и на институции кои работат во оваа област ќе дискутираат на тема - одговорноста почнува со мене – влијание на одговорното сопствеништво врз благосостојбата на милениците и врз заедницата.
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Во Скопје во четврток ќе се одржи панел дискусија посветена на одговорното сопствеништво. Експерти, претставници на невладините организации и на институции кои работат во оваа област ќе дискутираат на тема „Одговорноста почнува со мене – влијание на одговорното сопствеништво врз благосостојбата на милениците и врз заедницата“.
На панел дискусијата ќе стане збор за европската законска рамка за одговорно сопствеништво и одгледување на домашните миленици како и предизвиците за нејзина имплементација. Ќе се разговара и за темите поврзани со неодговорното сопствеништво и за проблемите кои притоа настануваат.
- Панелот ќе овозможи размена на идеи, добри практики, директна вклученост во дискусиите и градење нови партнерства, велат од Македонската асоцијација на стилисти за миленици и од Здружението на граѓани „Откритие“ кои се организатори на настанот.
Панел дискусијата ќе се одржи во Јавна соба од 18:30 часот. бак/
Фото: Македонска асоцијација на стилисти за миленици