Жителите на Општина Бутел денеска без вода
- Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од населбата Бутел 1, потегот од кружниот тек до поранешна последна автобуска станица за линија 57.

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од населбата Бутел 1, потегот од кружниот тек до поранешна последна автобуска станица за линија 57.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок и дислокација на водоводна мрежа ф-300 мм на ул. „Бутелска“ бб (во близина на општината).
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/мд/