• петок, 05 декември 2025

Европското движење домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права

Европското движење домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Европското движење во Република Северна Македонија, денеска, во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК)“ ќе биде домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23).

Како што информираат од Европското движење, тема на настанот ќе биде „Предизвиците на Уставниот суд на Република Северна Македонија низ призмата на европските стандарди за уставното судство“. Дискусијата, велат, ќе се насочи кон актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Уставниот суд, потребата од усогласување со европските стандарди и практики во областа на уставното судство, како и можностите за подобрување на неговата ефикасност и независност во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

– Сесијата ќе опфати две панел дискусии со учество на истакнати експерти од земјата и регионот, меѓу кои судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија, професори по уставно право и претставници на сродни институции. Меѓу говорниците се Ана Павловска Данева од Уставниот суд на Република Северна Македонија, Маша Марочини Зрински од Уставниот суд на Република Хрватска, Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Уставниот суд и поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и Денис Прешова, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, стои во соопштението. ра/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан