• понеделник, 23 декември 2024

Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание

Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Европратениците, олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук денеска ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

На средбата, како што е објавено на веб страната на Собранието, ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ Делегацијата, Дејвид Гир.

Европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка подготвителна сесија со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.

Во рамките на посетата, европратениците ќе имаат поединечни средби и со потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и со координаторите и претставниците на политичките партии застапени во Собранието. дма/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан