• понеделник, 23 декември 2024

„Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонската и Загрепската берза

„Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонската и Загрепската берза

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - „Денови на македонскиот пазар на капитал“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на  Македонска берза и Загребска берза и е примарно наменет за хрватските инвеститори и финансиски посредници кои доаѓаат во Скопје.

Со оглед на сопственичката поврзаност на Македонската и Загребската берза и интенцијата за продлабочување на билатералната стратешка соработка, целта на настанот е учесниците на хрватскиот пазар на капитал детално да се запознаат со македонскиот пазар, со што ќе се олесни нивниот пристап до македонскиот пазар, соопштија организаторите.

Настанот на едно место ќе ги собере претставниците на хрватските и македонските брокери и банки, инвестициски и пензиски фондови, котирани компании, регулатори, депозитари и други пазарни учесници, додаваат од Македонската берза. нд/са/

 

Остани поврзан