Дел од Гази Баба и Чаир без струја
- Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Чаир, соопшти РЦУК - Скопје.

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба и Чаир, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Индустриска“ броеви од 4 до 27 во Општина Гази Баба.
Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од полициската станица „Бит Пазар“, улиците „Војдан Чернодрински“, „Алберт Станиќ“, „Исмаил Кадаре“ и ОУ „Јашар Бег- Скупи“ во Општина Чаир. фф/ац/
Фото: МИА Архива