Делови од општина Центар денеска без вода
- Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18.
Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот.
Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Орце Николов“ 106 од 8:30 часот, пак, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.вј/са
Фото: МИА архива